Сервисер за медицинска опрема
Bi-MEK Skopje · Skopje, Skopje Statistical Region, North Macedonia
Apply & track with Apply EdgeПридружете се на сервисниот тим на БИ-МЕК и станете дел од компанија посветена на обезбедување напредни медицински технологии за здравствените установи во Македонија. Како Сервисер за медицинска опрема, ќе бидете одговорни за инсталација, одржување и сервисирање на медицинска опрема, обезбедувајќи сигурна и ефикасна работа, како и техничка поддршка за клиентите.Оваа позиција нуди континуирано професионално усовршување, практична работа со современи медицински технологии и можност за стекнување специјализирани знаења и сертификати од водечки светски производители.Потребни квалификации:· Инженер од техничките науки (ВСС: Машински / Електроинженер) · Електро-техничар (CCC во областа на електротехника) Работно искуство во инсталирање, одржување и сервисирање на апарати во иста или слична област ќе се смета за предностОбврски и одговорности: · Инсталација, монтажа и техничка обука за нова медицинска опрема според упатствата на производителите· Редовна коресподенција со добавувачи и клиенти за сервис на опремата· Технички прием на роба при сервис, комплетна евиденција, сервисирање на апаратите инсталирани од страна на компанијата · Навремено решавање на сервисни барања на клиентите во соработка со сервисниот тим· Следење на иновации во рамките на проблематиката поврзана со сервисирањето · Следење на обуки и вебинари од производителите на опремата · Да ги следи воспоставените стандардни оперативни процедури и добри практики во компанијата Потребни вештини и способности:· Одлични комуникациски способности· Организираност и одговорност кон доверените работни задачи· Самоиницијативност и амбициозност за усовршување на знаење и вештини· Флексибилност и способност за тимско работење· Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови· Активно познавање на англиски јазик· Одлично познавање на MS Office· Возачка дозвола Б категорија· Способност за работа на теренНие нудиме:Нашата работна атмосфера е стимулирачка, иновативна и фокусирана на клиентите. Ние им нудиме на вработените најсовремени алатки и технологии, континуирана обука и можност за напредување, работа во амбициозен и професионален тим со мoжност за посетување на обуки и стекнување на сертификати.Ве поттикнуваме да ја започнете или продолжите својата кариера во динамичен и високопрофесионален тим со нови знаења за напредни медицински технологии и Ве повикуваме да ја испратите својата биографија со фотографија е-маил адреса: medical@bimek.com.mk со назнака СЕРВИСЕР ЗА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА најдоцна до 25.10.2026г.*Во процесот на избор на кандидат за работното место ќе бидат исконтактирани единствено лицата кои ги исполнуваат условите од овој оглас. Сите пристигнати пријави ќе се сметаат за строго доверливи.